Зошто Путин е толку вознемирен

Свет

Американскиот претседател Џо Бајден денес изјави дека се надева дека ќе соработува со рускиот претседател Владимир Путин во сите области каде соработката е во интерес и на САД и на Русија.

Бајден и Путин одржаа средба во Женева. Тоа ќе биде прва средба на Бајден со Путин откако стана претседател.

Јас ќе му објаснам дека има области каде можеме да соработуваме, ако тој сака. Ако тој одлучи дека не сака да соработува и продолжува да се однесува како порано, особено во врска со сајбер безбедноста и некои други активности, тогаш ние ќе одговориме на тоа. Но, не мора да биде така. Ние треба да одлучиме каде имаме заеднички интереси и каде нашата соработка е во интерес на целиот свет, рече Бајден денес по самитот на НАТО.

Го запознав порано. Путин е паметен, цврст и достоен противник, заклучи Бајден.

Тие не измамија за сите пари, рече претседателот на Русија, Владимир Путин, осврнувајќи се на неоствареното ветување дека НАТО нема да се шири на исток.

Во интервју за Ен-Би-Си, Путин разговараше со новинарот Ким Симонс, кој оцени дека Алијансата изведува маневри како одговор на руските вежби.

Каква врска има тоа со одбраната? Во времето на СССР, на Горбачов му било ветено усно, но сепак му ветиле дека НАТО нема да се шири на исток. Фала му на Бога, тој е жив и здрав, можете да го прашате. А, каде се тие ветувања, праша Путин, потсетувајќи на двата брана на експанзија и проширување на НАТО во Источна Европа.

Од своја страна, новинарот го праша претседателот каде е запишано ветувањето во писмена форма. Браво! Така е, не измамија за сите пари, тоа е она што го велиме. Сè треба да се запечати на хартија, одговори Путин.

Но, зошто беше потребно да се прошири НАТО на исток, приближувајќи ја инфраструктурата до нашите граници. И кажувате дека се однесуваме агресивно? Дека дури и по распадот на Советскиот Сојуз, Русија претставувала закана за Соединетите држави и другите земји во Европа? Ние претрпевме големи загуби. И што добивме за возврат? Ништо, рече првиот човек на Русија во интевјуто за Ен-Би-Си.