АПАСИЕВ СРАМНО ЛАЖЕ за 300 милиони ЕУР за НАТО смета Богојески

Изјави, Македонија

Лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев познат по манипулативниот карактер и ширење на лажни вести од популистички лични побуди, на социјалните мрежи во текот на вчерашниот ден, после донесениот ребаланс на Буџет, лансираше нова глупост.

Со цел да ја докаже својата антиНАТО определеност, тој највулгарно ја излажа македонската јавност дека Македонија за НАТО оваа година ќе одвои 300 милиони евра од свој Буџет, па поради тоа немало пари за градинки, пожарни, за болници и сл.

На оваа лага реагираше лидерот на Македонски Концепт, Петар Богојески кој потенцира дека е срамно за еден политичар толку безобразно да го лаже својот народ и тоа свесно да го прави.

„Срамно е за еден политичар свесно да го лаже својот народ од лични популистички причини, а во исто време да ја знае вистината, која намерно ја сокрива“ – смета Богојески.

Тој известува дека Македонија годишно за НАТО одвојува максимални 1,6 милиони евра од нашиот Буџет и тоа за потребите на македонската мисија во НАТО седиштето во Брисел. И покрај спориот раст на одбранбениот Буџет на Македонија, кој нема достигнато 3% од БДП, Македонија никогаш годишно не потрошила 300 милиони евра за одбрана, па ниту во 2001 година.

„Од каде му се бројките на Димче, само тој си знае, но тоа е целосна лага и манипулација, само и само да се шири негативна кампања за НАТО во земјава. Дури и да ги вклучиме трошоците за набавка на нова ВВО за АРМ, сепак никако не може да се дојде до таа бројка од 300 милиони евра годишно за НАТО. Срамна, срамна лага и недолично за човек што себе си се нарекува професор.“ – изјавува Богојески.

Македонија е земја членка на НАТО веќе неколку години, а дискусијата за македонските трошоци кон Алијансата остана јавно да се полемизира, се шират разни шпекулации и се манипулира со фактите.

Богојески ја открива вистината, со самиот факт што тој беше дел од Министерството за одбрана и активен во процесот на пристапување на Македонија кон НАТО.