МАКЕДОНЦИТЕ МУСЛИМАНИ ќе протестираат за македонскиот ЈАЗИК

Македонија

Македонците муслимани докажуваат дека се лојални на македонската Кауза со нивното отворено барање за престанат понижувањата на македонскиот јазик од страна на Бугарија, за што најавуваат и протести.

Во тоа предничат жителите на село Подгорци струшко, кои најавуваат масовни протести за одбрана на македонскиот јазик.

Подгорци е едно од најголемите македонски села, населено претежно со Македонци со исламска веросиповед, кои ете уште еднаш потврдуваат дека се бранители на македонската кауза.

И додека Таче Обаче со Бугар Османи и Бифтек Маричиќ упорно прославуваат предавство на сметка на народот кој го продадоа, Македонците муслимани се подготвуваат за отпор против асимилацијата на македонскиот народ, чиј нераскинлив дел се!

Според најавите се очекуваат протести на повеќе места низ Македонија, особено каде живеат Македонци муслимани како што е дебарскиот крај.