АХМЕТИ бил БУГАРИН и по дедо и по баба, покажуваат бугарските и турски архиви

Македонија

По потпишување на албанско – бугарскиот договор за Македонија, во Бугарија започнаа да се отвараат историските архиви од кои се докажува дека освен Бугари, други жители немало во западна Македонија.

Албанци во Македонија започнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на XVIII век. Според отоманскиот попис на населението од 1430 – 1431, во Македонија воопшто немало Албанци. Веќе од средината на XV век со исламизацијата на Албанците, тие во мал број започнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но во многу мал број.

Во отоманскиот попис од 1452 – 1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и само едно католичко албанско семејство во Скопје.

Бугарските извори потврдуваат дека селото каде е роден и пораснат лидерот на партијата ДУИ Али Ахмети, Зајас во општина Кичево, кое денес е изразито албанско село, до 1740 година било чисто македонско православно село или чисто бугарско село, како што наведуваат бугарските историчари.

Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ – Браднина пред 90 години започнал да ги проверува бугарските тврдења и утврдил дека луѓето од Зајас ги знаат своите муслимански предци до само 7мо колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци.

Православните старинци, дедовци и баби на Ахмети биле „Шопки“ или познати во Бугарија како Шопи, а низ процесот на насилна исламизација дел од нив се исламизирале и поалбанчиле, а дел заминале да живеат во Битола, со цел да ја зачуваат православната вера и етнос Бугари.

Исти информации доаѓаат и за селото Црвивци, кое било насила исламизирано околу 1760 година. Албанците го нападнале селото за време на Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, жени и деца, и се вселиле во нивните домови како во своја куќа. Селото Бериково било исламизирано околу 1785 година, кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, бидејќи мажите им биле на печалба.

Дел од македонското староседелско население на селото Колари, од каде потекнува мајката на Ахмети, за кое Бугарија смета дека биле Бугари, избегало кон крајот на XVIII век во Автроунгарија, а оние македонци / бугари кои останале дома биле исламизирани, а потоа албанизирани.

Што значи дека мајката на Ахмети е дерекно по род Македонка или Бугарка како што смета Бугарија, согласно договорот на неговиот министер Бугар Османи.

Албанците во село Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 година и за селаните од Зајас и Колари користеле збор рисјанин или шопка.

Тогаш било албанизирано и чистото православно население во селото Туин. Во селата Поповјани, Другово и Белица првите Албанци се населиле во 1840 година од Дебар.