Граѓаните на Скопје плаќаат сметки за парно и во јули и тоа со вртоглави суми!

СКОПЈЕ

Дилемата на граѓаните е дали во вакви услови БЕГ смее да им ја наплаќа топлинската енергија. Оттаму се децидни дека нема ништо спорно и дека се обврзани да ги вршат сите дејности додека не се избере нова компанија.

И Регулаторна го повтори истото и дополнително ги потсетија сите корисници редовно да си ги плаќаат сметките.

Потрошувачите кои се приклучени на „Балкан Енерџи Груп“ да продолжат редовно да си ги подмируваат сметките за услугата што им е испорачана. Согласно Законот за енергетика, постојниот вршител на енергетската дејност којшто побарал престанување или на кого му е одземена лиценцата е должен да ја обезбедува јавната услуга се до избор на нов вршител на енергетската дејност. – РКЕ.

Скопјани се во исчекување кој ќе ги грее од септември. Освен нов снабдувачи, граѓаните ги чека и нова, повисока цена на парното греење која треба да се утврди до крајот на месецов и да важи од 1 август.