Владата не ги есапи граѓаните: Одлуките за евроинтеграција се носат редовно, како да нема протести!

Македонија

Владата на денешната 59-та седница ја разгледа информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Македонија со Европската Унија, претставена од француското претседателство со ЕУ.

На седницата, Владата одлучи предлог-преговарачката рамка да ја проследи до Собранието на разгледување и донесување понатамошни заклучоци, согласно собраниските процедури.

Владата ја донесе оваа одлука во екот на протестите против франускиот предлог кој е клучен услов за почеток на преговорите со ЕУ. Граѓаните сметаат дека прогресот на евроинтеграциите под француското менторство, се показател за игнорантноста на владата кон барањето и јасниот отпор кој го покажаат граѓаните со своето присуство на протестите.

Протестите против „франускиот предлог“ секоја вечер се помасовни и бројат до десетици илјади граѓани кои мирно или остро го искажуваат своето незадоволство од владините одлуки по прашањето на евроинтеграциите. Најавени се помасовни протести како резултат на владиното игнорирање на барањето на граѓаните.