ПОЕНТА НА ДЕНОТ со бугарска ПРЕСПА

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Лесно и интересно е сега да бидеме сите „патриоти за МаЌедоЊа“, но брзо ќе стигне сметката за плаќање.

Сега дури и Тачето стана патриот поголем од Митре Македонски Македонецот од Македонија од Ресен, но тоа покажува само едно, патот е изгубен!

Оваа власт не одведе најдалеку што се можеше од ЕУ. Грујо беше „европеец на ниво“ за оваа банда без команда!

Поделеку и од Кончита Левичарска, која може вода да му носи на Таче за евроскептицизмот.

Што да очекуваме?

Следно е да потрошиме 10 години во „одбрана“ на идентитетО и јазикО, нешто што ниту бранителот Таче не го разбира. Битно кажа дека негова била честа да ги одбрани пред светО!

Откако ќе се потрошат тие 10 години во јалови мултилатерални беседи во рамки на „ЕУ интеграциски процес“, ќе се соочиме со фактот дека е потребно решение за „бугарските соништа“, исто како што беше потребно решение за „грчкиот проблем со името Македонија“.

Па ќе се потрошат уште 10 години за дирекни преговори со меѓународни посредници, веројатно на чело со САД, за да на крај дојдеме на истото каде што сме и денес, а тоа е затворање на „историското прашање со Бугарија“.

И така поради патриотизмО на Таче ќе потрошиме следни 20 години, како што потрошивме предходни 20 години поради патриотизмО на Бранко или Грујо, кои „иметО и идентитотО не ги даваа“.

За да на крај, меЏународна да најде некој нов Зајко и некој дечко со лесен потпис како Димитров Николче и после изгубени за ништо 20 години да се потпише „бугарската ПРЕСПА“!

Ако се потпишеше „грчката Преспа“ пред 20 години ќе беше многу подобра за нас и помалку ќе болеше!

Ако се потпише „бугарска Преспа“ денес, ќе биде многу подобра за нас и помалку ќе боли!

После 20 години ќе биде катаклизма за Македонија и Македонците!

Ако веќе сме свесни за ова, зошто не ја потпишеме веднаш?

До кога ќе ставаме бугарско ѓубре под тепих? Претерано смрди, корне!

Дај да го очистиме и да живееме раат живот, без бугарска реа!

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!