ВИДЕО: СОБРАНИЕТО наликува на ДИВИОТ ЗАПАД и борбата меѓу колонизаторите и Индијанците!

Македонија, Политика

„ПОРАНЕШНИОТ МИНИСТЕР ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НА ДУИ И СДСМ НЕОБРАЗОВАНО ФИЗИЧКИ СЕ ПРЕСМЕТУВА СО КОЛЕГИ ПРАТЕНИЦИ, ДЕМОНСТРИРА НАСИЛИЕ. ВАКА СЕ ОДНЕСУВА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КЕП! ПОНИЖУВАЊЕ, НАСИЛСТВО И НАВРЕДИ ВО СОБРАНИЕ! МАКЕДОНИЈА НАМЕСТО ЕВРОПА СТАНА ДИВ ЗАПАД СО ’КАУБОИТЕ‘ ОД ВЛАСТА!“

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

На потегот на  пратеникот Антонио Милишоски да му го исклучи микрофонот, претседателот на Комисијата Арбр Адеми одговори со навреди, трескање по масата и фрлаше со чаши и шишања со вода кон насобраните пратеници.

Од ВМРО-ДПМНЕ го обвинија пратеникот Арбр Адеми од ДУИ за насилничко однесување и навреди во Собранието. Објавија и видео од инцидентот на седницата седницата на Комисијата за европски прашања.