БОГОЈЕСКИ: Францускиот рецепт спречува, а не отвара преговори со ЕУ

Изјави

Богојески изнесе неколку ставови во јавноста по повод фамозниот француски предлог за решавање на македонско – бугарските проблеми, но најзабележлив е ставот дека тој има контра ефект од тоа што го сакаме да го постигнеме.

„Францускиот рецепт спречува, а не отвара преговори со ЕУ. Ние не добиваме датум за преговори со ЕУ, туку датум за промена на Устав на Македонија, па потоа датум за имплементација на Акционен план на сите бугарски желби во Македонија, па тек ако Бугарија е задоволна, ќе добиеме некаков мини почеток на преговори со ЕУ“ – смета Богојески.

Според него, Бугарија никогаш нема да испрати извештај во ЕУ дека се задоволени сите нејзини соништа за Македонија, од проста причина што тие се многу влажни соништа. На тој начин, Македонија никогаш нема да преговара со ЕУ, туку ќе стане заложник на бугарските амбиции.

„Францускиот предлог нема како поинаку да се толкува, освен дека факторизира руски желби за ребугаризација на Македонија. Тоа не е ништо ново од кујната од Париз, која работи на руски гас!“ – смета Богојески.

За него најмешни се македонските т.н. бугараши, кои цел живот тврдат дека се заложници на УДБА, дека Рамковната позиција на Бугарија била нарачана од УДБА, дека француското вето за Македонија било од УДБА, дека идејата за Бугари во македонски Устав била од УДБА, за сега истите тие да предлагаат патокази тргнувајќи од т.н. Рамкова позиција и да бидат за француски предлог кој започнува токму од внесување на Бугари во Устав.

„На крај да не испадне дека овие бугарашите кои цел живот се жалат на УДБА, дека се токму тие создадени професионални Бугари и измеќари на истата таа УДБА“ – завршува Богојески.

За него јасна е позицијата на Македонски Концепт по ова прашање:

НЕ за Бугари во македонски Устав!

НЕ за бугарски барања во ЕУ рамка за преговори!

За се друго можеме да дискутираме, смета Богојески.