СЕКОЈ САМ, само Таче со свој ГАЗДА

Македонија

Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид помина со низа скандали и пропусти од протоколарен карактер, пред се поради неписменоста на македонските партиски служби во кабинетот на Димитар Ковачевски.

Но покрај протоколарните скандали, имаше една суштина. На Самитот беа присутни сите лидери од регионот, секој сам за себе ја претставуваше својата држава, само Таче беше со свој газда.

Тој ја претставуваше Македонија под будното око на газда Али, со помошен персонал од типот на Груби и лепо друштво. Таче не смееше ниту париче да фрли во бунарот на Св. Наум Охридски, без согласност од газда Али, кој го чува кесето на Македонија!

На средбите стана јасно дека Македонија има две влади, една онаа официјално нефункционална под водство на Таче и Груби, а втора онаа неофицијално функционална под водство на газда Али.

Таче покажа дека Али е премиер на Македонија и пред своите колеги декларираше консензулано управување, спротивно на Уставот на Македонија.