БУЈАР ПРИЗНАВА, ние г*з дадовме, сега БУГАРИЈА Е НА ПОТЕГ

Изјави

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој неодамна учествуваше на првата седница на некаков си формално неформален Совет за надворешни работи на ЕУ со министрите од Западен Балкан, искрено си кажа дека ние сме понудиле и г*з, а сега на Бугарија е да го искористи политичкиот момент за спас на кредибилитетот на ЕУ во регионот.

На сите веќе ни стана полесно, веќе знаеме на што сме! Да не се замараме со длабоки анализи, Бујар во име на сите нас дал согласност и за Бугари во Устав и за бугарски услови во ЕУ протокол и за пластелирање на Македонците по бугарски вкус, само и само да има „делче“ од Македонија за неговата национална агенда!

Министерот Османи, за МИА изјави дека пред неговите колеги од ЕУ предупредил на економските и политичките последици од овој конфликт во регионот, како и потребата да се спаси кредибилитетот на ЕУ токму во овој момент, со тоа што ќе се деблокира процесот на преговори со Македонија.

И без грам срам, дирекно без ракавици Османи изјавува: „За македонската страна на потег е Бугарија, Македонија исполни сѐ што беше побарано од неа.“

-Ќе повторам, топката е во Република Бугарија. Република Бугарија треба да одлучи дали ќе го искористи овој момент за целиот регион после овие случувања во Украина, дали ЕУ ќе преземе стратешко лидерство во регионот. Република Северна Македонија беше конструктивен партнер во овие разговори, во исполнувањето на овие критериуми.

Се плашам дека може да се изгуби овој момент што го имаме сега. И како што реков на самиот Совет за надворешни работи, најголемиот подарок за Русија ќе биде токму уривање на кредибилитетот на ЕУ во регионот, изјави Османи за МИА и потенцираше дека во овој момент нема договор меѓу двете страни којшто може да биде основа за потпишување на некаков договор, туку дека се разгледуваат начини да се вклопат различните пристапи во сеопфатно решение.

Ова Османи дирекно го исповеда пред бугарската болшевичка министерка, Теодора Генчовска, која, според изворите на МИА, не покажала флексибилност на денешниот состанок. Каква флексибилност очекува Бујар, кога Генчовска се координира со Москва за прашањето со Македонија?

Во случај повторно Бугарија да ја блокира Македонија во јуни, Османи вели дека ќе треба “да седнеме и да видиме“ како понатаму. Веројатно покрај г*з ќе треба да понудиме и нешто плус!