ТАЧЕ откри РУСКО влијание на Балкан, но не и во неговата ВЛАДА

Политика

Претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски гостуваше вечерва во дебатниот магазин „Click plus“ на ТВ21 каде зборуваше за руското влијание во спорот со соседна Бугарија.

Премиерот вели дека секогаш ќе има трети земји кои не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ, особено Русија и нејзиното влијание на Балканот.

„Тоа е секогаш присутно на Балканот. Прво ако отпочнувањето на преговори и влезот на земјите од Западен Балкан во Европската Унија беше економско и политичко прашање во светло на новите геостратешки услови во Европа, после војната во Украина тоа станува и безбедносно прашање дефинитивно“, додаде Ковачевски.

Одлично што Таче прогледал, ама кратковидо. Никако да го види тоа руско влијание во неговата Влада и прогонот кои руските измеќари од СДСМ го спроведуваат против политички активисти, особено опозиционери кои се борат за европска интеграција на Македонија, како што е државниот советник во одбрана Петар Богојески.

Богојески е прогонуван токму од руските елементи во Министерство за одбрана, само поради тоа што цела година пред да се сети Таче, имаше објавено за руското влијание во земјава, особено во македонско – бугарските односи и во МПЦ ОА. Но Богојески не е изолиран случај.

Власта врши прогон врз десетици опозициски активистни, но и врз новинари, кои се дрзнале да објават различно мислење од тоа на Таче и неговите кадри во Влада или да објават афера за нивниот криминал.

За каква борба со руско влијание во земјава станува збор, ако власта на Таче води војна против тие кои со години и години се борат токму со тоа руско влијание, уште за време на режимот на Груевски.