БАЈДЕН го испорача ПЕКОЛОТ на земјата и небото за ПОРАЗ за диктаторот ПУТИН

Свет

Американскиот претседател Џо Бајден за време на посета на фабрика на „Локид Мартин” (Lockheed Martin) за производства на противтенковски ракети „Џавелин” (Javelin) се обрати по повод безбедносната помош за Украина и ги пофали работниците за критичката улога во борбата и за нивната пожртвуваност и професионалност. Фабриката се наоѓа во Троја, Алабама.

За време на инвазијата „Џавелин” системите се ефективно и масовно користени од украинската армија за одбрана од руските напади. Особено од најновите руски тенковски единици и оклопни возила, кои американското оружје ги уништува како да се Москвич од 1960 година.

-Вие правите гигантска разлика со производството на оружјето со што Украинците се борат за слобода и за тоа ви велам благодарам, изјави Бајден.

Рече дека САД досега испратиле 5.500 илјади „Џаевелини” за Украина покрај останатото оружје од сојузниците и порача дека испораката нема да запре се до целосен пораз на диктатурата во Русија.

-Со ова правиме Путин да биде стратешки победен, со ова храбрите луѓе на Украина се борат против неговата брутална војна да доминира со Украина, каде тој извршува воени злосторства, додаде тој.

Претседателот на САД рече дека „моментално се води битка во светот меѓу автократијата и демократијата”.

-Ако не се исправиме пред диктаторите тие ќе продолжат да доаѓаат, порача тој.

-Досега потрошивме три милијарди долари помош за Украина. Побарав од Конгресот дополнителна поддршка од над 30 милијарди долари за Украинците да ја бранат слободата на боиштата, исто како што успееја да ја одбранат во битката за Киев, рече Бајден.

Како што изјави главниот ракетен инжењер, фабриката досега произвела повеќе од 50 илјади ракети. Во неа работат околу 600 луѓе, околу 200 од нив на произодство на овие системи.

До сега во Украина се употребени само 10% од наменското производство за таа земја. Што значи дека на путкините тенкови црно им се пишува.

Во Украина е веќе испорачан системот ХИМАРС, кој ќе стане пекол за руските војници на фронтовата линија.

HIMARS M142 (High Mobility Artillery Rocket System) е американски ракетен артилериски систем со висока подвижност развиен во доцните 90-ти години.

Максималниот опсег е повеќе од 70 км со GMLRS обична граната, и до 500 км со Prsm тактичка ракета.

ХИМАРС носи шест балистички огнени ракети или една ракета МГМ-140 АТАКМС на камион од пет.

Системот е дизајниран како мал, мобилен RSV со способности за пукање и брзо преместување на друга локација.

Системот се транспортира и со авион С-130. Системот се произведува од една од единиците на Локид Мартин.

Бајден буквално на Украина и го испорача пеколот на земјата и небото. Со овој систем Украина ќе стекне огромна предност пред руската армија, која се служи со заостанати Град системи од времето на студената војна.

Со оглед да овие системи се користат и од авијацијата, особено се прилагодливи и на платформи за лансирање на авиони од советско производство, станува јасно дека Украина истите ќе ги употреби и од воздушни позиции и напади.