ТРИУМФ НА МПЦ – ОА, укината е црквата на Зоран Вранишковски

РЕЛИГИЈА

Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија одлучи да ја прифати поканата за сослужување со Српската православна црква, која беше ставена во тесно и немаше друг избор после одлуката на Вселенската патријаршија да ја признае МПЦ – ОА. Што друго и да направеше СПЦ, ќе беше спротивно на канонските правила во Православната Црква и ќе беше принудена да трпи уште поголеми последици.

Во исто време МПЦ – ОА како што доликува, изготви и потпиша писмото до Вселенскиот патријарх Вартоломеј, со благодарност за признавање на канонскиот статус на МПЦ-ОА, со прифаќање на поканата за сослужување на Архиепископот Стефан со Патријархот Вартоломеј во Цариград, по што се отвара можноста за известување на сите помесни Цркви за сослужување со нашата Македонска Црква.

– Ја прифативме поканата од страна на српскиот патријарх, односно Соборот на СПЦ за да се воспостави евхаристичко единство со сиот православен свет, се разбира со оваа архиерејска литургија што ќе се отслужи утре во Соборниот храм посветен на Свети Сава, кажа владиката Тимотеј.

Како што информира владиката Тимотеј, на настанот со кој и официјално СПЦ ја признава МПЦ – ОА како засебна Црква, а со тоа престанува да постои расколничката црква на Зоран Вранишковски, ќе ја предводи неговото блаженство архиепископот охридски и македонски Стефан и тројца митрополити во ранг најстарите се разбира во придружба на неколку наши соработници.

– Преку ова се воспоставува единство не само со СПЦ туку и со останатите православни цркви, а тоа е еден чекор до очекуваното конечно разрешување на посакуваната цел, а тоа е автокефалност на МПЦ, додава владиката Тимотеј.

Српскиот патријарх Порфириј, на својата фејсбук страница објави видео од пречекот нма македонската цркована делегација во Белград.

Архиепископот Стефан прв го пречека Патријархот Порфирии со меѓусебни прегратки.

Како што камбаните ѕвонат на Светосавскиот храм, така и напите срца чукаат од радост поради овој благословен ден. Добредојдовте драги браќа! Добредојде брате Архиепископе Стефане и владици. Добредојдовте во заедницата на љубовта, вие и со вашиот благољубив народ. Браќа сме и само браќа, напиша српскиот патријарх.

Во делегацијата на МПЦ се Архиепископот Стефан, Митрополитите Петар, Тимотеј и Наум, епсикопот Климент, Архимандритот Нектариј од манастирот Свети Наум, архимандритот Агатон од манастирот Свети Пантелејмон.

Со ова веќе престанува да постои расколничката секта наречена Православна Охридска Архиепископија (ПОА) на расколникот Зоран Вранишковски, поддржана од руските болшевици кои работат на раскол во целото православие.

Припадниците на оваа расколничка наводно црква ќе мора спокојот кај МПЦ ОА да си го побараат и тоа во стадото кое го напуштија во минатото. Знаеме дека е тешко, но ќе треба да му целиваат света десница на Негово блаженство г.г. Стефан и треба да побараат прошка за новното предавство кое го направија.

Сега активистите на Зоран Вранишковски се враќаат под закрилата на нашата МПЦ Охридска Архиепископија, а се друго е груба пропаганда и лажни вести. Тоа особено ќе настане во моментот кога МПЦ – ОА за кратко ќе добие официјално Томос за автокефалност од Вселенскиот патријарх.

Во таа насока, денес започнува сослужување на МПЦ – ОА со СПЦ, а на возвратна посета на 24ти мај за време на празнувањето на Св. Кирил и Методиј во Скопје доаѓа српскиот патријарх Порфириј, истиот ден испраќа писмо до Вселенската Патријаршија за автокефалност на МПЦ – ОА, а со тоа веќе СПЦ ги губи сите канонски надлежности врз македонските епархии.

До тој момент расколникот Зоран заминува во пензија, а тој и неговата т.н. ПОА од црковен Белград и Москва завршија пуштени низ вода! На ПОА и исечете рокот на траење. МПЦ ОА е вечност!

Ова е снимката од заедничкиот пречек, а за утре е закажана првата заедничка литиргија.