ДОБРО УТРО со Аматерката и „Феудалците“ од СДСМ и ДУИ

Добро утро

ФЕУДАЛЦИТЕ НЕ ДОПРЕНИ ОД ЗАКОНОТ

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Копањето криптовалути не е кривично дело, ама крадењето струја е казниво. Во ек на енергетска криза, крадењето струја со компјутери „мајнери“ дополнително го оптоварува системот. Ова нивно „задоволство“ го плаќаат граѓаните. Се најавува повторно покачување на електричната енергија. Граѓаните кои мораат да ги почитуваат законите ќе мораат да си ја превземат обврската и за оние кои тоа не го прават.

Владините феудалци преку институциите на системот кои пак се во нивни раце, ќе наметнат нови цени на електричната енергија и на тој начин ЕВН ќе ги покрие загубите. Ама никако не помислуваат да се откажат од своето задоволство ниту пак ЕВН бара начин да си ги наплати загубите по нормална пропишана процедура, бидејќи тоа е невозможно. МВР на Оливер е сконцентрирана претежно на сообраќајните прекршоци и прикривање на бизниз – партиските акции.

Над 120 пријави поднела полицијата од почетокот на годинава за кражба на струја, додека во текот на минатата година бројката достигнала до 250 пријави за неовластено користење на електричната енергија. Струја се крадела насекаде – како во поголемите, така и во помалите градови и места. Проценките се дека штетата која што е предизвика е огромна, особено во време на енергетска криза, кога треба да се штеди буквално секој потрошен киловат час струја. Решението е загубите да се фактурираат на граѓаните!

Symbolbild Computerkriminalität Hacker | Lösegeld Bitcoin

Главниот град Скопје станува главна дестинација за копачите на „криптовалути“. Улиците „Дижонска“ во Чаир и „Јајце“ во Гази Баба станаа едни од главните локации за копање биткоини. Активно се „копа“ и во реонот на селото Љуботен, во општина Арачиново, во населбата Ченто, но и во други делови на главниот град.

И колку повеќе ДУИ и СДСМ сложно крадат, толку народот е посиромашен. Од набавката на мазутот на Крешник Бектеши, до милионски тендери за РЕК на Ковачевски кои државата ја оставија без струја, функционерите на ДУИ и СДСМ не смеат да бидат феудалци кои се недопрени од закон, кои се богатат на грбот на сите граѓани на Македонија.