(Видео) ПУТИН ПОПУШТИ ја прифати понудата на Зеленски

Европа

Путин на крај попушти, ја прифати понудата на Зеленски за размена на борци од двете страни. Украина одлучи тоа да бидат незаробените, но тешко ранети борци од херојскиот полко „Азов“, а Русија ги презема нивните заробени војници во акцијата кај Харков.

Тие беа авакуирани од челичарницата Азовстал во Мариупол, а Русите ослободени на окупираната територија на Донбас.

Според некои податоци, 300 борци на Азов го напуштиле Азовстал, од кои 50 се ранети.

Засега ниту еден извор не прецизира ништо за нивниот понатамошен транспорт, а согласно договорот треба да бидат префрлени на украинска слободна територија и да бидат лекувани со соодветни услови со цел да се спасат нивните животи.

Ранетите, кои се прогласени за Херои на Украина, од кои повеќето сега се во тешка здравствена состојба, се пренесени во Централната окружна болница во Новоазовск за да се обезбеди соодветна медицинска помош. Во правец на Јеленовка се движат и други автобуси.

Снимка од евакуацијата на најтешко ранетите борци на легендарниот батаљон Азов:

https://fb.watch/d2_xR9CPn9/