ТИТО разочаран од Македонците

Македонија

После точно 42 години од починувањето на доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980), Македонците силно го разочараа!

Тие тргнаа по умот на Сталин и болшевиците и ја предадоа својата македонска Црква МПЦ која толку многу ја посакуваа и за која се бореа генерации и генерации Македонци.

Тито се сеќава дека за време на борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година, сите до еден македонски борци зборувале за желбата да биде возобновена Охридската Архиепископија по секоја цена. По цена и на нивните животи.

Тој како долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 година давал силен отпор на влијанието на Црквите, особено на создавање на МПЦ, но Македонците едноставно инсистирале по секоја цена да се исполни тој вековен национален сон.

Мислењата за неговата улога и дело во создавањето на МПЦ се спротивставени – за едни Тито е симбол на слободното определување на Македонците за своја самостојна Црква, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со СПЦ и насила ја создавал МПЦ.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Љубљана а погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Точно после 42 од неговата смрт, Македонците се одлучија да се натртат кај Србите и да ја предадат својата тешко создадена Македонска Црква.