ОЧАЈНА МИЗЕРИЈА (видео): Русите раздвоија мајка и ќерка, каде завршија?

Европа

Руската окупаторска армија во Украина го покажа сиот свој раскош на очај и мизерија во односот кон жените и семејствата кои паднаа во окупаторски раце. Покрај илјадници измачувања, силувања дури и на деца, безброј убиства на цивили, тие започнаа да ги двојат мајките од ќерките и да ги носат во заточеништво како во среден век.

За време на последната евакуација од Азовстал, руските вооружени сили ја одвоиле 4-годишната Алиса од нејзината мајка. Жената останала во заточеништво во филтрациониот камп „ДПР“, каде ќе биде подложена на силување и измачување, веројатно и смрт, додека девојчето само оставено во автобус можело да стигне до Запорожје, под украинска контрола.

Во автобусот Алиса ја пречека новинарката Анастасија Нагорнаја. Според неа, девојката била придружувана од друга девојка од Азовстал. Покрај мајката на Алиса, во филтрациониот камп завршиле уште две жени, а за девојчето ќе се грижат нејзините роднини.

Видео на следен линк од девојчето во подрумите на Азовстал:

https://youtube.com/shorts/Eh5OYZ7FBdI