НАСИЛНИК НАПАЃА НА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР!

Хроника

25-годишен жител на тетовското село Џепчиште вчера попладне на паркингот на скопскиот Клинички центар удрил во жена, по што физички ја нападнал нејзе и уште една жена со која била жртвата на насилството, соопшти полицијата.

„На 10.05.2022 во 14.50 часот во Полициската станица Центар, С.Ј.(53) и С.К.(51), двете од Скопје, пријавиле дека на паркинг простор во Комплекс клиники „Мајка Тереза” – Скопје, Л.Л.(25) од с.Џепчиште, тетовско, откако со патничко возило „Фолксваген Голф”, со тетовски регистарски ознаки, удрил во С.Ј., физички ги нападнал двете“, пишува во полицискиот билтен.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, додаваат од МВР.