ДОБРО УТРО со Аматерката и СДС-мовската ДЕМЕНЦИЈА

Македонија, Политика

ПРОГРЕСИВНА СДС-МОВСКА ДЕМЕНЦИЈА

пишyвa д-p. Aмaтepкaтa, вoнpeдeн пpoфecop нa eдeн фaкултет

Лекарите утврдуваат постоење на деменција ако се значително оштетени две или повеќе спознајни функции. Ако во спознајни функции спаѓаат помнењето, способноста за говор, разбирањето на информациите, способноста за снаоѓање во просторот, расудувањето и сосредоточеноста, повеќе од јасно е дека другариве од СДСМ ги имаат сите предзнаци на оваа болест.

На луѓето со деменција може да им биде тешко да решаваат проблеми и да си ги контролираат чувствата. И тоа е така, сведоци сме дека тешко им оди со решавањато на проблеми. Луѓе со оваа дијагноза исто така може да претрпат и промени во својата личност. И навистина е така, целосно ги имаат променето ликовите, навиките па и наративите.

Кај многу видови на деменција, некои од нервните клетки во мозокот престануваат да функционираат, ги губат врските со другите клетки и изумираат. Жално но вистинито. Состојбата на владеачката СДСМ е критична. Деменцијата обично се засилува со текот на времето. Тоа значи дека постепено се шири низ мозокот и знаците што ги има лицето со текот на времето стануваат полоши.

Согласно претходното,  другариве од СДСМ ги манифестираат  сите симптоми кои ја дефинираат оваа дијагноза. Знак дека СДС-мовската  деменција прогресира се изјавите кои ги даваат во врска со одлуката на опозицијата  да ја блокира работата на Собранието. Лидерот на „заболениве“ вели „Местото за политичка дебата е Собранието каде што се носат закони од интерес на граѓаните“.

Навистина дека местото за политичка дебата е во Собранието но тоа не е нешто ново и не започна да важи со нивното доаѓање на власт. Тоа важеше и во 2011 година кога СДСМ го блокираше Собранието. Тогашните наслови по медиумите изгледаа вака :

„28.01.2011 година -Повод за бојкотот на СДСМ е судската блокада на сметките на А1 телевизија и на дневните весници кои излегуваат на истата адреса! СДСМ од денес оди на другата, вистинската и бидете сигурни победничката страна од барикадата -со народот и меѓу народот – Бранко Црвенковски !! “

На истиот начин тоа го практикуваа и во 2014, 2016, 2017….

29.10.2014 – „Извршниот одбор на СДСМ,на синоќешната седница ja потврди одлуката за бојкот на Собранието, односно пратениците да не се вратат во парламентот“

18.01.2016 – „Опозицијата ја напушти собраниската сала. На дневен ред оставката на Никола Груевски“

23.06.2016 – „СДСМ ja замрзнува работата во Собрание, бара избори наесен“

10 јули 2017 – „Пратеничката група на СДСМ ненадејно ја напушти расправата во собранието во врска со буџетот кој му е потребен за функционирање на Иџет Мемети, Народен правобранител“.

И тогаш Собранието беше  тоа што е денес. И тогаш се донесуваа закони битни за граѓаните, ништо не беше поразлично од работата на денешното. И тогаш пратениците не се откажаа  од платите и привилегиите, иако не доаѓаа на своите работни места. Каде гледаат разлика за да денес жестоко реагираат на опозицијата за овој начин на изразување незадоволство! До дијагнозата е очигледно!