ФРАНЦИЈА испрати катиљ ферман до АЛБАНИЈА

Европа

Албанија инсистира сама да започне преговори со ЕУ, без Македонија бидејќи не можеле да чекаат да се договориме со Бугарија.

На тоа добија одговор – катиљ ферман од Франција, која е промотор и идеен автор на Отворен Балкан.

Прашањето Тирана сама да ги стартува преговорите беше покренато многу пати во рамки на повеќе дебати во Унијата и она што произлезе како одговор е – НЕ, нема раздвојување на пакетот Скопје – Тирана – Софија, вели официјален Париз.

– Правно нема поврзаност меѓу двете змеји и според новата методологија, секоја може да напредува според своите заслуги и во тој поглед што сепак постои тој двоец, може на прв поглед ви се чини чуден, но овде зборуваме за нешто поспецифично – отворање на преговорите за членство.

Тоа е само една етапа од процесот и јасно е дека во таа перспектива има смисла тој двоец и паралелизам меѓу двете прашања, затоа што доколку се случи раздвојување би било дестабилизирачко кон оние кои би се почувствувале како жртви, вели Бомгратнер.

Со ова Макрон го попари Рама и цела Албанија. Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ пред Србија, а со тоа друштвото со Македонија е проблем за нас, а не за нив.