ВОЈНА ПЕНДАРОВСКИ – АХМЕТИ за споменикот на УЧК

Политика

Претседателот Стево Пендаровски синоќа во „Само интервју“ на Канал 5 рече дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, како што се 90 отсто од спомениците од проектот „Скопје 2014“.

Тоа ги скара Пендаровски и Ахмети, бидејќи двајцата имаат дијаметрално спротивно гледање на работите на споменикот во Слупчане.

Изградбата на спомен – кулата во Слупчане е спроведена согласно законските одредби, рече денеска лидерот на ДУИ Али Ахмети. Тој ги повика надлежните органи да ја проверат законитоста на споменикот.

Но претседателот Стево Пендаровски синоќа во „Само интервју“ на Канал 5 рече го тврди обратното, дека споменикот посветен на ОНА во Слупчане е дивоградба, но и дека комисија на претходната влада на Зоран Заев, составена од експерти и урбанисти, утврдила оти над 90 отсто од спомениците и сето она што е изградено како дел од проектот „Скопје 2014“, исто така се дивоградби.

– Тоа што кулата нема добиено потврда од Собранието за споменици, тоа кажува дека објектот е дивоградба, исто како што се дивоградби околу 90% од спомениците на плоштад. Што е тргнато од тоа? Ништо.

Ако го тргнеме ова од Слупчане, дај да ги тргнеме и овие од плоштад. Дајте да постапуваме и да го измениме Законот. Споменикот на Никола Карев пред Собранието исто така е дивоградба, пред таква институција – рече Пендаровски.

Дали со ова Пендаровски ненамерно го изедначи претседателот на Крушевската Република Никола Карев со т.н. борци на УЧК, бне може да утврдиме, но дека е огромен пропуст, тука нема дилема.

Пендаровски доколку тврди дека споменикот на УЧК е довоградба, а Ахмети тврди дека е легална градба, тогаш има институции во државата кои треба да утврдат реална состојба.