
Пристигнаа шамарите за Заев
Ефикасна акција на Американската амбасада во Скопје. Само неколку денови после Одлуката на претседателот на САД Бајден за воспоставување на систем за казнување на криминалот и антидемократските активности на Балканот, реакција на Калето кон премиерот Заев.
Тој денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите беше Извршната наредба издадена неделава од претседателот Бајден којашто содржи јасни критериуми во делот на санкции за лица кои дејствуваат коруптивно, а со тоа и против демократските вредности, а доаѓаат од Западен Балкан.
Амбасадорката со жестока порака до премиерот Заев.
Разговарајќи за Извршната наредба, премиерот Заев и амбасадорката Брнз изразија заедничко задоволство што во актот на претседателот Бајден фокусот е ставен и на борбата против корупцијата, што е клучен приоритет и на Владата на Македонија, при тоа истакнувајќи ја штетата што корупцијата и ја нанесува и на надворешната политика, на националната безбедност и економската стабилност, како на САД, така на Северна Македонија и на останатите партнери и сојузници.
Според информациите од кабинетот на премиерот Заев, тој е во голема паника. Пораката е дека токму корупцијата на македонската влада е виновна за застојот на интеграциите на Македонија во ЕУ. Токму корумпираната власт на СДСМ нанесува огромни штети на надворешната политика и доведе до т.н. бугарско вето. Дополнително, корумпираните министри на Заев придонесуваат кон нарушување на безбедносната и економска стабилност на Македонија!
Според добро запознати дипломатски извори, „Заев го обра бостанот“! Ова се користи како жаргон да се истакне неговата тесна кожа после одлуката на Бајден.