ЧЕСТИТ Рамазан Бајрам од Македонски Концепт

Македонија, РЕЛИГИЈА

Со искрени желби за добро здравје, среќа, радост и благосостојба, на сите граѓани од исламската вероисповед им упатуваме срдечни честитки по повод Рамазан Бајрам, се вели во честитката на Македонски Концепт.

“Солидарноста, соживотот, толеранцијата и на меѓусебното разбирање се едни од основните вредности кои ние ги почитуваме и за кои се залагаме. Традиционалниот Ислам целосно го респектираме и посакуваме истиот да ги зачува своите фундаментални вредности тука во Македонија.

Сплотени, заедно можеме многу да промениме на подобро и да придонесеме за благосостојба на сите наши сограѓани, градејќи праведно, правично и просперитетно општество во кое сите поубаво и подобро ќе живеат.

Да не дозволиме да не делат разни печалбари од верата, кои го злоупотребуваат Исламот во политички или лични лукративни агенди. Честит Рамазан Бајрам“ – се вели во соопштението на Македонски Концепт.