ЕВАКУИРАНИ 46 ЦИВИЛИ од Мариупол, Русите не почитуваат договорени локации

Европа

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека вчера од челичарницата „Азовстал“ во Мариупол евакуирани се 46 цивили.

Првата група цивили синоќа е евакуирана од челичарницата „Азовстал“, што е последна точка на украинскиот отпор во Мариупол.

– Тие се префрлени на договорената локација и се надеваме дека ќе бидат евакуирани во Запорожје, на територијата под контрола на Украина. Се надеваме дека овој процес ќе продолжи и дека ќе можеме да ги евакуираме сите цивили, изјави заменик командантот на полкот Свјатослав Паламар.

Претходно и руската новинска агенција ТАСС јави дека група од 25 цивили, меѓу кои и шест деца успеале да излезат од „Азовстал“ од подземната галерија, што датира од советско време.

– По воспоставувањето на примирје и отворање на хуманитарен коридор вчера две групи цивили ги напуштија станбените згради на територијата на металуршката фабрика „Азосвстал“, објави рускот Министерство за одбранра на Телеграм.

Прво група од 25 цивили биле евакуирани од „Азовстал“, а во текот на вчерашниот ден биле евакуирани уште 21 лице меѓу кои и шест деца.

– Сите цивили добија сместување, храна и неопходна медицинска помош, соопштија руските власти, без да прецизираат каде е однесена првата група, додека втората група е префрлена во населбата Безименоја, што се наоѓа на половина пат помеѓу Мариупол и руската граница.

Ова значи дека руската армија не го почитува договорот и семејствата на украинските бранители не ги пренесува на украинска слободна територија, туку ги депортира во Русија на непознати локации.