МЕГА СКАНДАЛ (видео): Таче бил активист на ВМРО ГРУЈОВО и омилен во фамилијата

Македонија, Политика

На социјалните мрежи се појави скандал видео, на кое се гледа лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковечевски Таче како ужива во екипата на диктаторот Никола Груевски.

Тој бил прва екипа на „фамилијата“ на Диктаторот Грујо и лапал мрсно од привилегиите на камарилата. Ова е најдобар доказ дека двете партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ имаат еден газда, ги управува ист центар.

Ова е мега скандал, кој покажува дека диктаторот со фамилијата си го купиле и СДСМ од Заев трговецот. Се е на продажба, па и СДСМ, битно пазарот да врви, рекле нашите мудри старци.

За да биде трагедијата поголема, тој бил дел од највалканата екипа на грујовизмот, а особено со желба да биде во близина на Гоца Брк од МВРО. Во време кога цела Македонија се бореше против тоа зло надвиснато над земјава да падне, Таче лижел кај истите и правел „кариера“.

Погледнете видео:

Поголем срам од ова нема! Оставка од Ковачевски итно, ако сака СДСМ да преживее ваков скандал!