ПОЕНТА НА ДЕНОТ за неправедната ЕУ и праведниот Путин

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

МАКЕДОНИЈА, како и Украина, е скоро 200 години жртва на Русија и руските интереси во Европа.

Македонски народ не постои, украински народ не постои, ги измисли Коминтерната, која патем кажано ја измисли Русија, па следствено на тоа, Русија ги измисли двата народа, а сега ги оспорува.

Македонски јазик не постои, украински јазик не постои, тоа се локални дијалекти на бугарскиот и рускиот јазик.

Македонска Црква не постои, Украинска Црква не постои, тие се нелегално одделени од српската односно руската Црква.

И т.н. и т.н…

Ако ЕУ е толку солидарна кон Украина и толку посветена на правдата за украинскиот народ, тогаш зошто е толку слепа за Македонија и правдата за македонскиот народ?

Колку што е Украина жртва на Русија, толку е и Македонија жртва на истата таа Русија.

Зошто ЕУ е толку солидарна со Украина, а ја подзаборава Македонија?

Нели е тоа неправедно?

Путин е барем праведен, тој подеднакво не толчи двете земји и два народи и два јазици и две Цркви и …

Путин е барем доследен, тој исто како неговите предходници, не има за монети за поткусурување и заморчиња за малтретирање.

Кога ќе стане ЕУ исто толку праведна и доследна како Путин?

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!