Албанска Алијанса за федерализација на Македонија

Македонија

За Арбен Фетаи, шеф на одделот за евроинтеграции на Алијанса на Албанците, федерализацијата на Македонија била европска вредност.

Тој реагира на изјавите на премиерот Заев, кој и порача на ЕУ ако нема интеграција ќе има федерализација. Заев се обиде да ги заплаши европјаните со иницијативата за сиздавање на партија Илирида, која ќе се бори за федерализација на Македонија.

“Добро ќе биде да го информираат Заев дека федерализација и регионализација се европски вредности, и во никој случај нешто што ќе ја исплаши Европа“, истакна Фетаи.

Според него Македонија е најцентрализирана земја во Европа. Овие ставови на Албанска Алијанса се дирекна спротивност на најновите политики на САД за Балканот. Особено после Уредбата на претседателот Бајден. Дали АА со ова и прави пат на зелената ДУИ?