АЛБАНИЈА поради ова НЕМА да влезе во ЕУ пред Србија

Балкан

Албанија без разлика дали ќе добие одвојување од Македонија од заедничкиот „пакет“ за почеток на преговори со ЕУ, нема да влезе во унијата додека не се затвори косовското прашање, односно пред Србија. Ова му е јасно на албанскиот премиер Еди Рама.

– Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот, рече Рама и додаде дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го тргне ветото кое го стави на почетокот на официјалните преговори за пристапување на земјава кон ЕУ во 2020 година.

Но европските политичари јасно му ставиле на знаење на Рама дека нема причина да брза, бидејќи Албанија никогаш нема да влезе во ЕУ без Србија и без решавање на Косово.

– Албанија ќе побара од Европската Унија да го продолжи процесот на пристапување во Унијата одвоено од соседна Македонија, која сè уште се соочува со бугарско вето, изјави албанскиот премиер Еди Рама, а пренесе Ројтерс.

Меѓутоа меѓународната заедница се подготвува за решавање на статусот на Косово и одблокирање на преговорите за членство на Србија, која исто така е пречка за влез на Црна Гора во ЕУ.

Рама во своето обраќање рече дека не е оптимист оти Бугарија наскоро ќе го тргне ветото кое го стави на почетокот на официјалните преговори за пристапување на земјава кон ЕУ во 2020 година, тврдејќи оти не е почитуван договорот за пријателство од 2017 година.

Бидејќи кандидатурите на двете земји се поврзани и започнувањето на пристапните преговори бара едногласно одобрување од земјите на ЕУ, ветото, исто така, ја спречи Албанија да оди напред.

– Албанија веќе не може да чека двата соседи да го решат спорот, изјави тој  додавајќи дека Албанија има добри односи со двете земји.

Според него албанскиот политички курс по ова прашање целосно ќе се промени.

Рама овие коментари ги даде при претставувањето на резултатите од националната анкета со повеќе од половина милион испитаници, која покажа дека 67 отсто од граѓаните сакаат патот на членството на двете земји да се одвои.

Германскиот канцелар Олаф Шолц рече дека разговорите за пристапот на Албанија и Македонија во ЕУ мора да започнат што е можно поскоро, бидејќи секое одложување ќе го направи Западен Балкан ранлив на надворешни влијанија.