БИГОРСКИ МАНАСТИР: Распоред на богослужбите за Страсната седмица и Пасха

Календар МПЦ - ОА, РЕЛИГИЈА

Бигорскиот манастир го објави распоредот на богослужбите за Страсната седмица и Пасха!

16 април – ЛАЗАРЕВА САБОТА
06:30 ч. – Утрена и Златоустова Литургија
16:00 ч. – Мала вечерна
20:00 ч. – Бдение (Вечерна, Утрена, Прв час)

17 април – ЦВЕТНИЦИ
07:30 ч. – Трети и Шести час, Златоустова Архиерејска Литургија
16:00 ч. – Деветти час, Вечерна богослужба
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

18 април – ВЕЛИК ПОНЕДЕЛНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

19 април – ВЕЛИК ВТОРНИК
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Велико повечерие
21:00 ч. – Утрена со Последование Жениха, Прв час

20 април – ВЕЛИКА СРЕДА
07:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Литургија на Претходноосветени дарови
16:00 ч. – Мало повечерие
21:00 ч. – Утрена, Прв час

21 април – ВЕЛИК ЧЕТВРТОК
08:00 ч. – Часови, Изобразителна, Вечерна со Василиева Архиерејска Литургија
11:15 ч. – Општ Маслосвет
16:00 ч. – Мало повечерие
19:30 ч. – Утрена со 12 Страдални Евангелија (после 5-то Евангелие: Распетие Христово)

22 април – ВЕЛИК ПЕТОК
07:00 ч. – Царски Часови, Изобразителна
09:00 ч. – Вечерна со Погребение Христово и полагање на светата Плаштаница во Кувуклијата. Мало Повечерие
18:30 ч. – Утрена, Оплакување на Христа и литија со Плаштаницата

23 април – ВЕЛИКА САБОТА
09:00 ч. – Часови, Вечерна со Василиева Архиерејска Литургија
23:30 ч. – Полуноќница со канонот од Велика Сабота: Волною морскою

24 април – ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН (ПАСХА)
00:00 ч. – ДОЈДЕТЕ ПРИМЕТЕ СВЕТЛИНА
00:15 ч. – ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!
00:30 ч. – Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија
16:30 ч. – Вечерна на Љубовта со читање на повеќе јазици на Евангелието за Воскресението

25 април – СВЕТОЛ ПОНЕДЕЛНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија – Веднаш после Литургијата: Пасхална литија – Покрсти со поклонение на моштите

26 април – СВЕТОЛ ВТОРНИК
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија во Рајчица

29 април – ИСТОЧЕН ПЕТОК – БАЛАКЛИЈА
08:30 ч. – Пасхална Утрена, Златоустова Архиерејска Литургија

Ви посакуваме благодатни денови и добро Воскресение!

Со благослов на Епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Свештената Бигорска Обител