РОМАНИЈА ОДЛУЧИ, испраќа посебна пратка за Украина

Европа

Романија објави дека целата флота од 27 авиони МиГ-21 LanceR ја поклонува на Украина, а истата ќе ја замени со нова флота од американски F-16 авиони, од кои 17 се верзија AM/BM, веќе купени од Португалија.

Романија располагаше со приближно 27 авиони МиГ-21 од кои 19 се LanceR-C, а останатите се LanceR-B. Сите МиГ-21 беа модернизирани во конфигурации LanceR, на ниво на моделот C, кој се фокусира на борби во воздухот, е најнапредниот од овие авиони. Модернизираните МИГ-ви ќе бидат дадени на Украина.

Некои од тие авиони поминаа длабока модернизација, надградени се со западни радари, авионика, електронски средства за противдејство, дисплеи и други.

Иако изгледаат застарени, тие се лесни за поддршка и имаат висока стартна можност за полетување. Тие авиони можат да се комбинираат со креативни тактики, кои им ги дозволуваат техничките можности, мали се во размер и ги минимизират недостатоците.

Тие тактики често му дозволуваат на малите МиГ 21 да се носат со помоќните и поголеми авиони ловци. Заедно со електронската техника допринесува кон забележителна смртоносна способност.