МОЖЕМЕ УШТЕ ПОДОБРО и уште појако да ве ограбиме!

Хроника

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција успеа да издејствува притвор за Генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири, бидејќи го оштетил буџетот на државата за 950.000 евра.

Според опишаните дејствија во наредбата, постои основано сомнение дека првоосомничениот – висок функционер во Владата на РСМ во својство на службено лице сторил кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл.353 ст.5 в.в. ст.3 в.в. ст.1 од КЗ на РМ, за што му помогнале останатите двајца осомничени.

Неофицијално, Зекири кој е кумашин на Заев и негов најблизок соработник, склучил договор во четири очи без спроведување на постапка за тендер за јавна набавка со што ја злоупотребил службената положба во смисла на чл.353 ст.5 в.в. ст.3 и ст.1 од Кривичниот закон на Р.Македонија.

Предходно истата обвинителка го притвори другиот најблизок соработник на Заев, исто генерален секретар на Влада, Драги Рашковски. Сите блиски соработници на Заев завршија обвинети за корупција. Тоа е најдобар доказ дека тие можат повеќе и можат подобро да не ограбат.