АПОСТОЛ ПРЕДАВНИКОВСКИ ја обвини МПЦ – ОА за бојкот на пописот

Македонија

Директорот на ДЗС, Апостол Предавниковски зборуваше за резултатите и последиците од пописот, при што си дозволи да обвинува други субјекти за вината за фалсификување на Отписот кој тој го спреведе.

Тој истакнат преварант си дозволи да ја обвинува МПЦ – ОА за спроведување на бојкот, а нашата Црква благовремено повика на масовен попис и се спротистави на било каков  бојкот.

“Во дијаспората постоеше силна кампања за непопишување, исто како и тука во државата. Зошто МПЦ не почна кампања да ги убеди верниците надвор од државата да се попишат? Јас трипати сум гостувал на радио во Австралија, луѓе не сакаа да се попишуваат во Северна и слично.

Тие што лицитираат со бројки и со законски измени врз основа на бројките на националност, доколку ги злоупотребуваат податоците, треба да си сносат политичка одговорност. Јавно повикуваа на бојкот Левица, партијата на Јанко Бачев и здружението Не отварам врата, луѓето што бојкотираа се жртви на овие повици.

Дополнително ВМРО-ДПМНЕ ја оспоруваше методологијата на пописот. Не може вие да промените софтвер затоа што на некој му текнало дека сака фингерпринт. Нека повели Мицкоски нека направи електронски попис, ако можело ние први ќе го направевме.” – истакна Симовски.