ВУЧИЌ СЕ РАЗМАВА и на Русија и на Америка

Балкан

„Србија не е ничија слугинка“: рече Вучиќ на одговор на прашање за санкциите кон Русија.

„Србија не е ничија слугинка и не извршува ничии наредби, ниту на Русија, ниту на Америка, ниту на ничии други“, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на прашањето дали Србија ќе воведе санкции кон Русија.

„Ние го направивме она што е во интерес на нашата земја, но мора да имате предвид дека Србија го осуди нападот врз Украина, дека постапи во согласност со меѓународното јавно право, сериозно и одговорно“, рече Вучиќ.

Србија е независна и суверена земја. Србија има искуство што многумина го немаат, а тоа е искуството од 90-тите години, додаде претседателот на Србија.

„Ги прашувам од Гардијан, кога ја нападнавте Србија, дали беше агресија, кога напаѓате суверена земја? Во формално-правна смисла, нападот врз Србија и нападот врз Украина го третираме на ист начин. Како беше кога ја победивте невината Србија без одлука на ОН? Се собраа 19 насилници да нападнат една земја“, рече Вучиќ.