
КОЛУМНА Ajpyлaи: Издржливи на глyпocти
Издржливи на глупости
пишува Лулјета Ајрулаи, м-р по социолошки науки
Доколку би имало меѓународен натпревар за тоа граѓаните од кои држави може да издржат повеќе глупости, верувам дека ние од Македонија сме без конкуренција. Ќе освоевме прво место. Ние сме врвот. Видете само каков премиер имаме и сé уште има такви кои се гордеат со него.
Видете каков заменик премиер имаме и некои уште го поддржуваат и го фалат. Видете ги градоначалниците на Тетово и Струга и сé уште некои би гласале за нив. Згора на се, видете го лидерот на како што милуваат да речат најголемата албанска партија. За кого и Македонци и Албанци, и Турци, и Власи и Роми и Бошњаци мислат дека е многу паметен, стратег, цар… И што да каже човек после ова!
Како беше она песната “шта да вам кажем, а да вас не растужим”. Овој “големиот лидер на албанците во Македонија” со неговата вечно на власт партија наречена ДУИ, кои една деценија управуваат со министерството за животна средина и просторно планирање, и актуелниот министер оној англичанецот што не си го знае мајчиниот јазик е од оваа партија, и откако уништија сé што е поврзано со здрава животна средина, општините со кои управуваат градоначалниците на оваа партија се живи депонии и насекаде бетонирани и дивоградби, одеднаш на “големиот лидер на албанците во Македонија” му текна да стане зелен заедно со неговата партија позеленија преку ноќ и најавија еколошка агенда!
Фала Богу, веднаш реагираа разумни граѓани кои не дозволуваат да им се навредува интелигенцијата од глупостите и пропагандата на новокомпонираното зелено ѓубре. Но, се јавија и оние продадените и лижачите со пофалби дека се ребрендирале оние кои 20 години на власт ја загадуваат и уништуваат природата и ништо не направиле за нејзина заштита.
20 години во континуитет оваа партија кажува лаги и глупости и сé уште има такви кои ја слушаат и ѝ веруваат, значи врв на глупоста. Сега глупоста ја смени бојата, стана зелена исто како бојата на жабите во мочуриште. Сето ова ќе беше комично ако во исто време не беше трагично.