НАЈНОВО: Во Скопје падна руски воен дрон, како во Загреб

Хроника

Полициски екипи го обезбедуваат атарот на селото Бујковци каде очевидци велат дека виделе бело летало кое многу ниско се движело над нивите и претпоставувале дека воздухопловот паднал, објави Телма.

Се уште не е познато за што се работи, бидејќи во моментот на случувањето на инцидентот немало ниту еден пријавен воздухоплов во воздух на територија на цела Македонија. Претпоставката е дека станува збор за руски воен дрон, залутан од боиштата во Украина.

Жителите, кои пријавиле во полиција, тврделе дека се работи за беспилотно летало дрон.

Поради дождот, облаците и веќе спуштената ноќ не е возможна воздушна проверка на теренот со хеликоптери.

По двочасовна проверка, полицијата прави блокадата на местото каде падна леталото. Засега нема официјално известување што е откриено и за што станува збор.