УЖАС: КИДНАПИРАЛ 26 ДЕЦА!!!

Хроника

Фредерик Њухол Вудс (70) беше еден од тројцата мажи кои во 1976 година киднапираа 26 деца и нивниот возач на автобус во Чоучили, град во округот Мадеира, Северна Калифорнија.

Вудс сега доби условна слобода, откако истата одлука беше донесена и за Ричард Шенфелд во 2012 година и Џејмс Шонфелд во 2015 година.

Тројцата ги одвеле 27- те киднапирани во Ливермор, ставени во камион и живи закопани во каменолом во сопственост на таткото на Вудс. Тие барале откуп од пет милиони долари додека жртвите биле под земја во, според Си-Ен-Ен, најголемото масовно киднапирање во историјата на САД.

После 16 часа под земја, возачот и децата успеале да се ископаат и да избегаат додека киднаперите спиеле. Тие се изјасниле за виновни за киднапирање и добија 27 доживотни затворски казни без условна слобода. Но, апелациониот суд ја укинал одлуката и на крајот еден по еден беа пуштени на слобода.

Во петокот во државниот затвор Сан Луис Обиспо се одржа рочиштето за условно ослободување на Вудс. Откако одлуката ќе стане конечна, гувернерот ќе има 30 дена да ја разгледа и може да ја потврди или да ја испрати на понатамошно разгледување. Си-Ен-Ен објаснува дека одлуката за условно ослободување може да се укине само ако затвореникот е осуден за убиство, што Вудс не е.

Неколку жртви на киднапирање, сега возрасни, изјавија за Си-Ен-Ен во 2015 година дека сè уште имаат кошмари. Дарла Нил, тогаш десетгодишна, рече дека екстремната вознемиреност и оневозможувала нормален живот.