БОГОЈЕСКИ за пописот: Владата спроведе геноцид врз Македонците

Изјави, Македонија

Петар Богојески објави жестока реакција на т.н. пописни резултати кои денес ги презентираше Државниот завод за статистика.

Владата на Македонија спроведе ГЕНОЦИД врз МАКЕДОНЦИТЕ! – објави Богојески

Според него, низ историјата слушнал за турски геноцид врз Ерменци, грчки геноцид врз Македонци, германски геноцид врз Евреи, руски геноцид врз Украинци, но никогаш не можел да поверува дека ќе бидеме сведоци на македонски геноцид врз Македонци!

Ова е систематски воспоставен режим кои има задача да овозможи услови за дестабилизација на државноста на Македонија, преку лажно прикажување на фактите за населението во земјата.

Преку половина милион Македонци, или над 20% од населението, не се попишани, при тоа не станува збор само за бојкотирачи на попис, туку за намерно непопишување на население кое етнички се изјаснува како македонско, со цел да се предизвика геноцид врз Македонците.

Илјадници се сведоците кои известуваат дека воопшто не биле посетени од попишувач, а после нивна реакција дека не се попишани, повторно не бил направен попис од овластен попишувач и покрај нивното инсистирање тоа да биде направено.

Секако дека дел од тие половина милион Македонци бојкотираа, тргнати по умот на бумбарот од Велес именуван како Апасиев. Секако дека Македонците кои бојкотираа попис, извршија национално предавство. Платеникот на Заев, Апасиев мора да има одговорност и треба кривично да одговара за национално предавство.

Но огромен дел од Македонците сакаа да се попишат, а беа селективно дискриминирани и систематски елиминирани од пописниот процес, смета Богојески.

Па така во Аеродром имаме мин 5 247 Македонци кои не се попишани. Во Ѓорче Петров имаме мин 4 450 Македонци кои не се попишани. Во Центар има мин 5012 Македонци кои не се попишани. Во Битола има мин 5 500 Македонци кои не се попишани. Во Велес има мин 4700 Македонци кои не се попишани. Во Кавадарци има мин 2500 Македонци кои не се попишани. Во Кочани има мин 2400 Македонци не се попишани. Во Охрид има мин 4300 Македонци кои не се попишани. Во Прилеп има мин 5000 Македонци кои не се попишани. Во Струмица каде Заеб беше премиер кога овој попис се спроведуваше, има непопишани мин 6 640 Македонци. Во Штип има мин 4400 Македонци кои не се попишани.

Овој геноцид врз Македонците не смее да помине!!! – завршува Богојески.