РУСИЈА ВО ПАНИКА: Путин го убил Шојгу?

Европа

Рускиот претседател Путин, кој живее во перманентна параноја од можен државен удар од неговите најблиски соработници, до сега ги притвори шефовите на руската тајна служба, неколку генерали, советници, а сега дојде редот и на неговиот најблизок соработник, човекот кој сите го гледаа како негов наследник, министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Од јавноста исчезна министерот Шојгу пред околу 15 денови, во моментот кога Путин ги правеше „чистките на предавниците“ во Кремељ и се прочистуваше од неспособните. Портпаролот на Кремељ Дмитриј Песков исјави дека министерот Шојгу е многу зафатен, има работа со војната во Украина, па затоа исчезнал од јавноста.

Меѓутоа извори од Кремељ, вклучително и тие од руската армија тврдат дека министерот исчезнал и не се појавил на должноста повеќе од две недели. Истото го потврди и советникот на украинскиот министер за надворешни работи, Антон Герашченко, кој тврди дека рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, имал срцев удар.

Шојгу имаше срцев удар и затоа не е во јавноста од средината на март. Доби срцев удар по целосниот неуспех на руската инвазија на Украина. Сега е на рехабилитација во Главната воена болница – напиша Герашченко на Фејсбук.

Вчера руската телевизија го прикажа Шојгу со стари снимки како седи и разговара со Путин. Тој не беше виден во јавноста од 11 март, а се шпекулираше дека е болен, па дури и уапсен.

Инаку, Путин го потпиша законот за кривична одговорност за лажни информации за руски државни органи кои работат во странство. Законот се однесува на амбасадите, државните обвинителства, Националната гарда, руското Министерство за вонредни ситуации и други.

Казната предвидена со овој закон е иста како и за дискредитирање и ширење лажни вести за руските вооружени сили.