Каква ќе биде наставата од септември ?

Македонија

Додека се бројат последните денови од оваа учебна година, одлуката за враќање во нормална настава од септември останува да виси. Од Министерството за образование велат дека сè уште не е познато дали учениците од основните и средните училишта ќе можат да се вратат во училишните клупи во новата учебна година.

Министерката Царовска уверува дека и таа и директорите на училиштата, наставниците, родителите и учениците се на мислење дека традиционалната настава треба да започне во септември, одлуката ќе зависи од епидемиолошката состојба.

100% од учениците од истражувањето покажале дека учењето од далечина се спроведува според распоредот. 93% од учениците изјавиле дека се задоволни од поддршката што ја добиле од училиштата и наставниците за време на наставата во далечина. 70% од учениците целосно се согласиле со онлајн настава за оваа година.

Минатиот месец Министерството за образование подготви закон што вклучува и дигитализација на учебниците. Бројни реакции со протести и повици за бојкот пристигнаа од здруженија на ученици и родители кои се противат на целосното укинување на книгите и новиот концепт во образованието.