ПОЕНТА НА ДЕНОТ: Што мајка бараш во Украина, Русину

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

ПОЕНТА НА ДЕНОТ

Еј русину, со моите пари за гас и нафта плаќаш на троловите да напаѓаат и блокират многу како мене на Фејзбук. Ајде блокирај го ова.

Земја ли бараш во Украина, русину? Немаш ли своја земја?!?

Колку си освоил, а колку користиш од тие 17 милиона кв.км., кои си ги завладеал?!?

Жени ли бараш во Украина, русину?!?

Немаш ли жени во Русија, русину? Или не те сакаат?!?

50 000 проституират само во Германија. Врати си ги дома, русину!

Од убаво ли тие избегале, русину?!?

Кажуваш, си ги заштитувал рускиот јазик и култура во Украина?!?

Значи, сакаш да ни кажеш, дека твоите бомби ги разнесуваат украинските деца и уриваат украинските домови во името на Пушкин и Достоевски?!?

Еден народ може да живее без Пушкин и Достоевски, но без деца и дом не може, русину.

Си спомнуваш ли русину, дека Хитлер така ги заштитуваше судетските Германци во Чехословачка?!?

Со што си по-различен од Хитлер, русину?!?

Низ последните 3 столетија си ги завладеал земјите на 100 народи. И не си запрел да војуваш.

Нај-агресивната империја во човечката историја.

Некои покорени народи веќе исчезнуваат.

Енците останаа само 227 луѓе.

Во 2010 г. беше преброен еден единствен жив член на народот Југи.

Кереките се само четворица, Карагашите се 16. Ескимите се стопија до 1700 луѓе.

Во 2002 г. Менонитите беа 39, а во 2010 г. останаа живи само четворица од нив.

Во Ингушија има 1% Руси. Што бараш во земјата на Ингушите, русину?! Кога ќе ги претопиш и нив?

Во Чеченија Русите се 4 %, во Дагестан 5 %.

Што бараш во тие земји, русину?!?

Под твое ропство се над 100 народи и племиња.

(Грузиец оплакува над загинатиот брат после руското бомбардирање над грузискиот град Гори.)

Колку од тие народи доброволно се присоединија кон твојата империја, а колку од нив потчини со куршуми и насилство?

Јакути, Бурјати, Ингуши, Таџики, Калмици, Чуваши, Чеченци, Азери, Коми, Ненци, Евенки, Ханти, Чукчи, Татари…

Колку од нив уби, пред да им ги завладееш земјите?!?

Во 2000 г. одново нападна во Чеченија, уби 30 000 Чеченци и си постави послушно измеќарче, кое денес ја заплашува Украина со своите гавази.

(Град Грозни, Путин го започна мандатот со војна во Чеченја. Русите го срушија градот и убија над 30 000 Чеченци, после кое си назначија марионетска влада.) 

Во 2008 г. ја нападна и независна Грузија.

Денес ја напаѓаш Украина.

Сакаш и таму да имаш послушно измеќарче, за да можеш да ја молзиш, како што си правел 300 години. Не ти збоктиса украинското жито, русину?

Ќе ти збоктиса, русину!

Авганистан ќе ти се стори прошетка…

Под твое ропство беа и Полска и Украина, Финска, Литванија, Латвија, Естонија, Грузија, Ерменија.

Денес одново сакаш да си ја разшируваш империјата.

Сите во Источна Европа ти го осетија миризливото ропство.

Што им донесе?

Терор, насилие, марионетски режими, одземање на сопствеността, беда, криминал, застој, корупција и уништена економија.

Тоа е твојот свет, русину. Така можеш, така правиш. Така си мислиш дека ќе ти се залечи империјата.

(Руските фашисти бомбардираа и театар во Мариупол, каде беа засолнети стотици деца. На сателитските снимки јасно се гледа дека театарот бил означен со знак „ДЕЦА“. И покрај тоа руските фашисти го бомбардираа театарот, а во него продолжуваат акциите за тргање на рушевините и пронаоѓање на евентуално преживеани деца.)

Над 20 000 000 Руси избегаа от Русија во последните 20 години.

Денес само за две седмици бегат над 100 000 Руси.

Хотелите и куќите за гости во Ерменија се полни со Руси. Таму можат, таму бегаат.

Бегаат од тебе, русину. Млади, способни. Бараат нормален живот за себе си и децата.

Не сакаат да живеат во страв, не сакаат да ги управува воен криминалец и бездушните јаничари.

Кога ли некој ќе ја ослободи Русија од руско ропство?

Големиот Левски кажал: Тогаш јас ќе отидам во Русија за да составам комитети, зашто таму, макар и да нема чалми, народот е притиснат од нас повеќе.“

…………………………………………………………………………

Дeнес вo Русиja 95% од бруто домашниот производ е суровина. 70% е од гас и нафта.

Само 5% е од останатите економски гранки, вклучително и воената индустрија.

Руски стоки практично нема и Русија нема што да предложи на светот, вклучително и на своето население.

Практично таа империја паразитира и постои благодарение на природните ресурси од завладеаните територии.

Русија внесува милијарди долари во корупциски шеми, за да си осигури политичко влијание и енергетски монопол.

Гледаме со очите како дејствуваат политичари како Меркел, Борисов, Орбан. Благодарение на руските криминални пари на руските олигарси кои ја преплавија Европа, се зацврсти рускиот енергетски монопол.

(Заробени руски окупатори во Николаев)

Така дејствуваше и рускиот измеќар Јанукович, кој се откажа од ветувањето за присоединување кон ЕУ и потпиша договор за руски гас по убиствени цени.

Точно за таа причина, Украинците се дигнаа против предавникот и со голи раце востанаа против снајперистите, кои ги застрелуваа по улиците на Киев.

Каде се спаси тој национален предавник? Се разбира, избега во Русија.

А си спомуваш ли русину, како во 1930 г. исели од Крим над 30 000 Бугари, Ерменци и Грци? После исели и 200 000 Татари. Во нивните куќи всели Руси. Без способности да се прехранат. Им ги наметна на Украина да ги храни, таа да им бере гајлето.

А си спомнуваш ли како во 1933 г. уништи над 12 милиони Украинци. И во нивните имоти всели Руси. Така направи и со Казахите. 48% од Казахите изчезнаа од лицето на земјата во 1933 г. И веднаш по неколку години во Казахстан рускоговоречките се претставија како мнозинство.

Како се нарекува тоа, русину?

Се нарекува геноцид.

Чист фашизам, русину!

Денес ти забораваш на злосторствата на твоите предци и се претвораш во истото чудовиште.

Ти сам си го избра Путин, го преизбира, дури откако си гласаше практично нелегално управување и денес мнозинството го подкрепува.

Ти го одобруваш напаѓањето на Украина, одобруваш фактот дека руските бомби разнесуваат невини украински деца, дека уништуваат цивилни згради, дури болници и породилишта. Се радуваш дека милиони Украинци се принудени да бегат од татковината.

Ти си фашист, русину!!!

И скапо ќе си платиш!!!

Тек ќе го осетиш одговорот на твојата малоумност и насилство!!!

Европа ќе се откаже од твојот гас и нафта. Ќе се откаже од твоите суровини и ќе ги замени со алтернативни.

Ќе одземе време, но ќе биде!

Бедна ти е фантазијата што те очекува!

(Заробени руски окупатори. Пред новинарите тие изјавуваат дека Путин веќе користи и платеничка армија, а не само професионални јаничари.)

Ти русину, сам се откажа од подадената рака, откако во почетокот на 90-те години Западот ти помагаше и те натрупа со хуманитарна помош. Впрочем, Путин првиот свој милион во долари го направи точно од шверцот со таа помош.

Ти сам се откажа од демократијата и слободата, ги замени со еден луд и фашизиран тиранин. Реши дека може да продолжиш да удираш со пендрак по народот.

Ни кажуваш дека ние не треба да имаме ракети, но ти може да имаш ракети, со кои можеш да ги бомбардираш Скопје, Белград, Загреб, Софија, Варшава, Киев, Прага…

Ни кажуваш дека немаме право ниту на противракетен штит или НАТО заштита.

Тоа, додека живееш од нашите пари, плаќани за прескапите руски гас и нафта. Со тие пари си купуваш американски ајфони, германски коли, француски парфеми и италијанска облека.

Е, тоа за кратко ќе запре, зашто секој во Европа веќе разбра дека е абсурдно да се плаќа на Русија, која со истите пари создава нови тенкови и ракети, насочени кон нас и си ја храни армијата од безмозочни фашизирани орки.

(Руските агресори затекнаа жесток украински отпор од украинските борци. Веќе во третата седмица на војната, се погинати над 10 000 руски војници, уништени се стотици тенкови и транспортери на агресорот)

Зашто така плаќаме двојна цена.

Зашто така плаќаме и за нашата безбедност и сме принудени да инвестираме милијарди за одбрана од Русија.

Зашто од нашите пари, Русија фрла милијарди, за да храни армија од интернет тролови, кои не преплавуваат со лажни вести и работат против нас, ЕУ и НАТО.

Зашто со нашите пари, Русија плаќа на армија од новинари, кои протнуваат идеологија на рускиот империјализам и милитаризам.

Зашто со нашите пари, Русија создава и партии како русофилските измеќари „Левица“ или „Родина“ или „Возраждање“ во Бугарија или партијата на Ле Пен во Франција, и си купува цели парламентарни групи.

Зашто со нашите пари, Русија си купува специјални обвинители, нотари, судии, компании, имоти и политичари.

Зашто со нашите пари, Русија си купува и политичко влијание.

Неслучајно ударот врз Украина започна едвај откако беа завршени Северен поток 2 и Турски поток. Политичари како Меркел и Борисов посветено му служеа на Путин во сите нивни мандати и се држеа повеќе како вработени во Газпром и руски агенти, од колку како премиери.

Е, денес секој политичар во Европа, кој ќе се обиде да ја продолжи таа политика, е осуден на политичка смрт.

Не бива да се прави никаков компромис и ЕУ треба час по-скоро да ги преземе необходните политички решенија за брзо градење на складови за течен гас, за зголемување на постојните и разработување на нови наоѓалишта во Северно и Средоземно море, како и за договарање на големи нарачки на азиски гас и гас од Блиски исток.

Русија треба да биде изолирана од енергетските пазари години однапред!

Никаков компромис!

Неопходно е тотално технолошко ембарго и санкции кон секоја компанија, која испорачува на Русија технологии и техника!

Откако Русија ќе се повлече од Крим, Донецк и Луганск, тек кога ќе ја обештети Украина со трилиони долари, заради нанесените штети и десетици илјади убиени, откако ќе ги обнови разрушените куќи, патишта, болници и ќе плати на милионите бегалци да се вратат во своите домови, тек тогаш би можело да се преговара со Русија за нови испораки!

Русија е империја, која паразитира врз земјите и коските на десетици народи. Денес таа се фашизира до степен, близок до болшевичкиот терор. Денес таа одредува затвор од 15 г. за мислење, различно од тоа на кремељската хунта. Денес на Путин и слугите му говорат со јазик на омразата и во стилот од нај-мрачните времиња на болшевичкиот терор.

Социолошките проучувања докажуваат дека тоа им се допаѓа на мнозинството од Русите.

Жално за останатите. Зашто и тие се луѓе. И точно затоа многу од нив бегаат од Русија.

пишува, ПОЕНТИРАЧОТ!