ВЕСТИ ЗА РАНОБУДНИ: 8 култури кои влијаеле на модата

Lifestyle, Живот, Мода

Модата наоѓа влијанија во сè… културата, природата. Историјата на таа инспирација е поттикната од различни култури и заедници. За едни од најсилните влијанија на културите врз модата ќе ве потсетиме сега.

ХАВАИ

Од живописни принтови до природни влакна до привлечни шалови, можете да ги видите влијанијата на хавајската култура низ модниот свет. Иако можеби мислите дека сте виделе сè, оваа богата култура нуди многу повеќе. Одразувајќи ја разновидност на Хаваите, хавајската облека стана визуелен доказ и за етничката интеграција и за етничката разновидност. Сем етничката разновидност влијанието врз модата има и уникатниот културен пејзаж.

 

ЈАПОНИЈА

Употребата на свилата, прекрасните дезени на цветни и митски суштества го карактеризираат влијанието на оваа земја врз модата. Јапонската култура е најпозната по популарното кимоно, кое сепак може да се каже дека во 21-от век помалку е заменета со карактеристичен Јапонски „уличен стил“.

ИНДИЈА

Влијанието на оваа култура врз модата не се гледа само во извонредните дезени, живописните бои на материјали, туку и во деталите како турбани, прстени за нос, Бинди. Без разлика дали барате традиционални индиски ансамбли или убаво извезени дизајни, тие можат да се видат низ модата, директно или индиректно.

РУСИЈА

Ако барате модни трендови со елемент на структура и форма, не гледајте подалеку од руското влијание врз модата. Впечатливата употреба на крзна, чисти линии и традиционални капи се трендови кои се појавуваат повторно и повторно во креациите на модните дизајнери. Многу често оваа употреба на ова влијание е и поради нивната луксузна природа.

култури

ФРАНЦИЈА

Франција често се смета за модна моќ, а Париз е еден од најстилските градови во светот. Француската мода доминира во светот со врвни брендови како Louis Vuitton, Celine и Balenciaga. Франција е дом на високата мода. Но таа исто така и несомнено е на врвот на таа листа ако барате регион кој продолжува да доминира со стилот и културата.

 

култури

ШПАНИЈА

Додека шпанската мода е позната по многу нешта, еспадрилите се еден од најпрепознатливите дизајни. Со удобност, стил и форма вклопени во еден чевел, влијанието на шпанската култура врз светот на обувките е нешто најјасно. Во модерните времиња, имињата како Zara и Mango доминираат во модата.

култури

ЕРМЕНИЈА

Ако мислите дека Шпанија е единствената култура што има големо влијание врз обувките тогаш грешите. Во денешниот свет, кожените чевли се вообичаени. А според експертите се смета дека првиот кожен чевел потекнува од Ерменија.

АФРИКАНСКА ДИАСПОРА

Често недоволно забележана култура која влијаела на стиловите и трендовите. Пазлични дезени карактеристични за Африканскиот континент, живописни бои, влијанието на нивната музика. Сето тоа се почесто се чувствува во модата.