
(ВИДЕО) КОНЕЧНО ОТКРИЕНО зошто беше прекинат говорот на Путин
Пред неколку денови во Москва се одржа централна прослава по повод 8 години од окупацијата на Крим, во организација на Кремељ и партијата на Путин, Единствена Русија.
На митингот лично се обрати Владимир Путин, а говорот траеше 8 минути. Сосема неочекувано, преносот на руската национална телевизија беше прекинат на среде говорот на Путин. Светската јавност отвори дилема, зошто тоа се случило, а портпаролот на Кремељ Дмитриј Песков појасни дека станува збор за технички причини.
За што точно станува збор, стана јасно откако во јавноста протече видео снимка од граѓаните, присутни на митингот на Путин. Тој бил исвиркан од членовите на сопствената партија, кои не ја поддржуваат војната во Украина. Буквално на среде говор, започнува масовно исвиркување од сите страна на стадионот.
Во недоумница што е поголема брука за неговиот шеф, измеќарот Песков наредил да се прекине преносот на ТВ. Но на сите во Русија веќе им е јасно колку е саатот. Путин ја изгуби поддршката од своите најверни поддржувачи.