
ЖАЛНО: Зеленски е човечиште, ги моли Русите чесно да ги погребаат своите војници
Претседателот на Украина е човечиште. Дирекно им се обраќа на Русите со молба, слободно да отидат и да ги соберат телата на руските војници кои лежат на боиштата во Украина, кои никој не ги зема за чесно да ги погребаат.
-Во жариштата на особено тешките борби, првите линии на нашата одбрана се преплавени со трупови на руски војници. И тие трупови, тие тела никој не ги зема чесно да ги погреба, рече тој, повторувајќи дека 14.000 Руси биле убиени во инвазијата на неговата земја во видео порака објавена во недела рано наутро.
Тој рече дека може да разбере дека Русија има речиси бескрајни резерви на војници и воена опрема, но се прашува што мислат блиските на тие војници. Нели тие млади момчиња, кои загинаа за Русија имаат право на почит и чесен погреб? Бандитот Путин ги остава да ги јадат животните, без основна почит кон загинатите.
-Но, би сакал да знам што мислат граѓаните на Русија – што се случи со вас што не ги забележувате вашите загуби? Тоа се 14.000 мајки, 14.000 татковци, сопруги, деца, роднини, пријатели – а вие не забележувате?, рече Зеленски.
Не може независно да се проверат тврдењата на Украина за бројот на загинатите руски војници, ниту пак може да се избројат воените загуби на Украина, кои лидерите на земјата ги процениле на околу 1.300 војници пред околу една недела.
Предходно имавме известено за мобилните крематориуми, во кои Путин планираше масовно да ги спалува телата на младите руски војници, со цел да сокрие од нивните семејства дека се загинати.
Но очигледно бројката е толку голема, што не може да постигнат во спалување на нивните тела, па остануваат по боиштата ширум Украина, на милост и немилост на животните.