
СПЕЦИЈАЛА АКЦИЈА: Откриено дувло на НАЦИСТИ во Москва
Руската специјална полиција, лојална на големиот лидер Владимир Путин успеа да открие дувло на опасни нацисти во центарот на Москва, на само неколку метри од влезот во Кремељ.
Тие се предводени од нацистичка лидерка, Анастасија Паршкова студентка која студирала на забранет факултет по информатика, очигледно опасна и вооружена.
Нацистката во рацете носела нацистички слоган „6та Божја заповед, НЕ УБИВАЈ“. Со тоа таа кучка сакала да повика на масовни убиства на храбрите руски болшевици, ги навредила со некаква си божја заповед од некаков си Господ кој не постои, а во исто време сакала да му забрани на големиот Путин слободно да си убива, по можност деца до 5 години, кои се посебно опасни нацисти.
Нацистичката кучка е приведена во специјалниот затвор „Хамовкини“, каде ќе биде подложена на серизни испитувања и отрезнувања, со цел да признае кој е тој Господ што ја излажал за ваква заповед, да биде истиот уапсен како извесен нацист.
Од досегашните сознанија, таа известила дека верува во некој си Исус Христос, за кого е распишана потерница и се проверува дали е лидер на нацистите во Русија. Господарот Путин ќе го среди и тоа нацистичко копиле.