ВОНРЕДНО: Што се случува во Босна, тенкови и хеликоптери во Република Српска

Балкан

Ситуацијата во Украина по се изгледа ги разгори страстите и на Балканот. Од Босна на социјалните мрежи постојано се објавуваат видеа од зголемено воено присуство на силите на ЕУФОР.

Операцијата Алтеа, формално Силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), е воено распоредување во Босна и Херцеговина со цел да се надгледува военото спроведување на Дејтонскиот мировен договор. Мисијата е наследник на СФОР и ИФОР на НАТО. Преминот од СФОР во ЕУФОР во голема мера беше промена на името и командантите: 80% од војниците останаа на своето место. Мисијата го замени СФОР на 2 декември 2004 година.

Силите на ЕУФОР се забележани во градот Соколац. Се работи за поголема колона на ЕУФОР со оклопни борбени возила која влезе во овој град во Република Српска. На небото надлетуваат и хеликоптери велат локалните извори.

На зголеменото воено присуство во Босна претходеа санкции на членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и неговите соработници, поради неговата сецесионистичка политика во Босна и Херцеговина.

Со оглед на руската политика во Украина за правото на сите региони / општини да прогласуваат држави, Република Српска веќе има одреден суверенитет и сака врз основа на путиновите правила да се одвои од Босна. Тоа секако ќе биде од помош на Косово, кое веројатно ќе се решава заедно со Босна.