(Видеа) ЛОВ НА ЧЕЧЕНЦИ, пробале да го запалат „Распнатиот Исус“

Европа

Покрај војната со оружје, во Украина се води и војна за заштита на историското и културно наследство. Покрај руските орди кои бомбардираат цели градови, без разлика дали се воени или цивилни цели, големи штети прават исламистичките терористички банди од Чеченија и Сирија, особено врз христијанското наследство.

Жителите на многу градови ги отстапуваат своите места во бункерите, со цел да го заштитат историското и културно наследство, каде складираат разни уметнички дела од непроценлива важност за украинската и светската култура. Едно од тие дела е и статуата на распнатиот Исус Христос, која била цел на напади со намера за уништување од страна на исламистичките орди на Путин.

Во сите градови, покрај музејските и црковни експонати, жителите посебна грижа имаат за надворешните историски споменици, особено во Одеса и Киев, каде е сконцентрирано огромно историско и културно светско наследство.

Но гордите украински бранители не се предаваат. Силно стојат во заштита и на историското и културно наследство на својот народ, а покрај своите семејства го заштитуваат и наследството од прадедовците.

 

На овие две видео снимки се гледа акцијата на украинските безбедносни сили против чеченските исламистички орди на Путин, за заштита на тоа наследство.

 

Не е лесно денес да си син на Украина! Секоја чест за борците за слобода!