(Видео) ВОНРЕДНИ ВЕСТИ: Бомбардирање на Париз
Украинската Врховна рада за да ја поддржи својата молба за затворање на воздушниот простор над Украина, што не може да го добие од западните држави со видео насловено „Париз под бомби“ се обидува да ги сензибилизира Европејците.
Украинскиот Парламент утрово објави лажно видео на кое се гледаат бомбардирање на европските метрополи.
– Дали познатата Ајфелова кула во Париз или Бранденбуршката порта во Берлин би останале да стојат под бескрајните бомбардирања на руските трупи? се поставува прашањето во видеото објавено на Твитер.
Видеото е објавено со цел да се предизвикаат западните сојузници, кои сè уште одбиваат воспоставување зона на забранети летови, поради страв од предизвикување глобален конфликт.
– Дали мислите дека ова не Ве засега? Денес е Украина, утре ќе биде цела Европа. Русија ништо нема да ја запре, се наведува во твитот на Врховна рада.
Would the famous Eiffel Tower in #Paris or the Brandenburg Gate in #Berlin remain standing under endless bombing of Russian troops?
Do you think that does not concern you?
Today it’s #Ukraine, tomorrow it will be the whole of #Europe. Russia will stop at nothing. pic.twitter.com/vi6z5UWV8q— Verkhovna Rada of Ukraine (@ua_parliament) March 11, 2022
Станува збор за монтажно видео, предупредување за Франциџите што може да ги снајде доколку продолжат со глума околу Путин!