
ЛУДИЛО: Храбар Македонец се пријави на повикот на ПУТИН да го возобнови СССР
Силна конкуренција помеѓу Русија и Украина за македонски борци на фронтот во Киев. После повикот на украинската амбасада, реагираше македонската влада со известување дека никој од Македонија не смее на странски боишта, тоа е кривично дело.
Но тоа важи за украинските борци, додека пак тоа го игнорираат храбрите македонски борци, силни поддржувачи на Путин и желни за возобновување на империјата СССР.
Таков херој е Зоки фацки, кој е силен поддржувач на СССР и другарот Путин. Тој се пријави доброволно да се бори на украинските фронтови за правдата на другарите болшевици против клетите фашисти.
Путин е изненаден од огромната поддршка која ја добива во Македонија, особено од ликови како Мирка класната и Зоки Бејбе Фацки, кои се подготвени на се, само СССР да се врати.
Сеуште е неизвесно кога Зоки ќе замине на фронт, но едно е јасно, Путин со нетрпение го очекува. Тоа ќе биде пресврт во корист на Русија, војната ќе ја добијат. Ако не поради пушкомитролезот на Зоки, барем поради неговата лесна рака.