НОВИ 20.000 Албанци, државјани на Македонија

Македонија

Македонската тајна служба зачувала над 20.000 апликации за македонско државјанство, од кои над 99% етнички Албанци, од причина што имале сознанија дека нивните барања биле со фалсификувани документи, наводно обезбедени од партијата ДУИ.

На тоа жестотко реагираше лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој изјави дека ќе побара одговорност од Владата за причините за „задоцнувањето“ на македонската тајна полиција.

Премиерот Димитар Ковачевски – Таче, како и секое македонско каначе во политиката, преплашен да не остане без фотеља, се залета да се оправдува и да уверува дека Агенцијата за национална безбедност (АНБ) работи со многу побрзо темпо, како на новите барања за државјанство, така и на одговарање на старите барања за државјанство, околу 20 илјади наследени од поранешната УБК.

Ковачевски потенцира дека ќе го информира и директорот на АНБ да го забрза тој процес, бидејќи, како што рече, граѓаните треба што побрзо да ги добиваат тие услуги, особено ако тоа го побара неговиот газда Ахмети.

– Ако во тоа време се проверувале и се одговарало на околу 100 барања во тек на месец, сега тоа е зголемено на над илјади одговори во текот на месецот. Дополнително самите проверки сега се посложени со оглед на тоа што сме полноправна земја членка на НАТО и од таа причина проверките се подолги и опфаќаат критериуми и прашалници што е нешто посложени од тоа што било порано, изјави Ковачевски, здивнувајќи дека сепак газда Ахмети нема да му ја земе фотељата.

Одговарајќи на новинарското прашање за барањата за државјанство што чекаат во АНБ, премиерот Ковачевски, меѓу другото потенцира дека ако се зборува за зголемување на продуктивноста на работењето во приватниот сектор, тогаш треба да зборувме и за зголемување на продуктивноста во работењето во јавниот сектор.

Со други зборови, според Таче, АНБ треба да штанца македонски пасоши на секој кој ќе посака, по желба на ДУИ, а со тоа и ќе се зголеми продуктивноста на тајната служба. Каде се најдоа овие аналфабети да водат држава?